Facebook Image

Актуелности

Зборник трудови „За љубовта“ 2016

Почитувани колеги, зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција „За љубовта“ одржана на 06.06.2014 г. е издаден во електронска форма. Зборникот можете да го преземете одовде.

„За љубовта“ 2016


Покана за Годишно собрание 2016

Покана


Покани за настани на ЕВРОКЛАСИКА 2016

Akademia Epika

Certamen Viterbiense della Tuscia (италијански)

Certamen Viterbiense della Tuscia (англиски)

DAV – Kosmos Antike: Latein und Griechisch öffnen Welten

UCL – Summer School in Homer


Покана за учество на трибина и работилница

Почитувани,

ЗДРУЖЕНИЕТО НА КЛАСИЧНИ ФИЛОЛОЗИ „АНТИКА“ и ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА имаат чест да Ве поканат на настаните:

 

ТРИБИНА:

Македонски филозофски терминолошки речник: искуства и предизвици

(Aнтичка филозофија)

Панелисти:

aкад. Витомир Митевски
проф. д-р Виолета Панзова
проф. д-р Александра Ѓуркова

и

 

РАБОТИЛНИЦА:

Терминот ὕλη во контекст на Аристотеловата филозофија –

преводни предизвици, дилеми, решенија

Модератори:

проф. д-р Елена Џукеска
доц. д-р Јасмина Наумоска

 

Постер

 

Ве молиме Вашето учество во работилницата да го најавите најдоцна до 31 јануари 2016 година на некоја од електронските адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

за да можеме да се погрижиме околу организацијата и навремено да Ви го доставиме подготвениот материјал.

Трибината и работилницата ќе се одржат на 16 март 2016 година, на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

Со почит,

Здружението на класични филолози АНТИКА


Покана за учество на конференцијата „За душата“ 2016

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНОСТ НА МАКЕДОНИЈА ЗККМ СКОПЈЕ, ЗДРУЖЕНИЕТО НА КЛАСИЧНИ ФИЛОЛОЗИ „АНТИКА“ и ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА со задоволство Ве покануваат на учество во конференцијата „За душата“. Во прилог Ви ги испраќаме поканата и апликацијата за учество.

Покана

Пријава

Со почит,

Програмски одбор


XXXIX Републички натпревар по латински и старогрчки јазик

Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Философскиот факултет во Скопје, на 15. мај 2010 година во просториите на Философскиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи XXXIX Републички натпревар по латински и старогрчки јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија. Пријавувањето трае до 01.04.2010, а наставниците може да го направат и по електронски пат. За повеќе информации погледнете ја поканата.

Покана

Пријава


Годишно собрание на Здружението „Антика“

На 15 Мај 2010 година во 11.00 часот во просториите на Философскиот факултет ќе се одржи редовното годишно собрание на Здружението „Антика“. За повеќе информации погледнете ја поканата.

Покана


Научна работилница Одисеи (митски, уметнички, преведувачки)

На 1 јуни 2009 година се одржа Научна работилница Одисеи (митски, уметнички, преведувачки), во организација на Друштвото за класични филолози „Антика“, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Институтот за класични студии при Философскиот факултет и Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Програма


Годишна конференција на Еврокласика и меѓународен собир AETERNITAS ANTIQUITATIS

Здружението на класични филолози Антика – Скопје во соработка со Философскиот факултет при Унив. „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Европската асоцијација на професори по класичните јазици – Еврокласика организираше Меѓународен научен собир под наслов AETERNITAS ANTIQUITATIS (ВЕЧНОСТА НА АНТИКАТА) и Годишна конференција на Еврокласика, што се одржаа од 27 до 30 август 2009 година во Скопје и Охрид. Наскоро треба да излезе од печат и Зборник на трудови од меѓународниот собир.

Програма

Постер

Учесници

Извештај


Предметот Класичната култура во европската цивилизација во основното образование

Предметот Класичната култура во европската цивилизација од оваа учебна година 2009/2010 можат да го бираат учениците од петто одделение. Од 9-ти до 11-ти декември 2010 се одржа семинар за наставниците кои го предаваат овој предмет во организација на Бирото за развој на образованието. И покрај недоволната информираност сепак голем број ученици го избраа овој предмет во првото полугодие. Наставниците како помош при работата можат да го користат прирачникот изработен од проф д-р Весна Димовска и проф д-р Весна Томовска.

Прирачник

Извештај


Европски фестивал за латински и грчки
Festival Européen Latin et Grec (FELG)
International Festival of Latin and Greek (IFLG)

Од 28 - 30 мај 2010 во Луксембург ќе се одржи 6-тиот Европски фестивал за латински и грчки: „Писатели, уметници, музичари: Наша класична инспирација“. Еврокласика е партнер во организациајта на овој фестивал. Оние кои што се заинтересирани да присуствуваат на овој фестивал како посетители можат да добијат повеќе информации околу пријавувањето и можностите за сместување на сајтот на Фестивалот: www.festival-latin-grec.eu/?lg=en.


CIRCE (A Classics & ICT Resource Course for Europe) - Летна школа за класиката и ресурсите на информатичката и компјутерската технологија 2010: 4 - 11 јули 2010 во Аквилеја

Од 4 - 11 јули 2010 во Аквилеја, Италија ќе се одржи петтата летна школа посветена на употребата на новите ресурси на компјутерската и информатичката технологија во наставата по класичните јазици. Од оваа година и за наставниците од Македонија достапни се грантови кои ги покриваат патните трошоци и престојот. За повеќе информации погледнете го флаерот за летната школа на: www.circe.be/courses/aquileia2010/circe%20course%20Aquileia.pdf


Academia Homerica

XIII Academia Homerica ќе се одржи од 9-18 јули 2010 во Атина и на островот Хиос. Крајниот рок за пријавување е 10-ти мај 2010.

Програма и информации за пријавување


Systasis, електронско списание на здружението „Антика“

Новите броеви Systasis 14 и 15 се поставени на интернет. Членовите на редакцијата љубезно ги потсетуваат авторите дека последниот рок за примање прилози за Systasis 16 е 15-ти мај.

Go to top